„Деновиве генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг апсолутно несовесно, ќе си дозволам таков израз, нѐ обвинуваше дека токму Русија е причината за заострувањето на мигрантската криза што ја зафати сега Европа“, изјави Лавров во интервју за РЕН ТВ, пренесува РТ.
Според него, санкциите стануваат замена за политиката и дипломатијата, особено од страна на САД.
„Во Вашингтон веќе се слушнаа апели за воведување дополнителни санкции против Русија поради она што се случува во Сирија. И тоа во период кога заедно со Американците врз основа на договорот меѓу двајцата претседатели го почнуваме процесот за решавање, донесовме две резолуции на Советот за безбедност на ООН и ја создадовме МГПС со две целни групи кои редовно се среќаваат во Женева, кои ги разгледуваат прашањата за зацврстување на примирјето и хуманитарната помош“, изјави тој.
Лавров исто така додаде дека „од Вашингтон, вистина, засега не од самата администрација, но веќе меѓу влијателните политичари се слушаат гласови со барања „да се казни“ Русија и поради Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче