„Ние уште во 2004 година зборувавме дека тоа брзање за прием на нови членки во ЕУ и НАТО, кои не до крај одговараа на критериумите на тие две организации кои се менуваа дотогаш, беше диктирано од тоа што побрзо да се освои геополитичкиот простор, за да ѝ се одземе на Русија она што остана по Советскиот Сојуз. Ние филозофски се однесувавме спрема тоа, зборувајќи им на нашите колеги: „Живи бога, само немојте да им излегувате во пресрет на тие земји, затоа што некои од нив – на пример, кај нашите балтички соседи – има таков русофопски менталитет“, изјави Лавров во интервју за РЕН ТВ, а пренесува РТ.
Како одговор на тоа, според неговите зборови, Москва слушала дека тие земји „ќе дојдат во ЕУ и НАТО, ќе се смират, ќе се адаптираат, ќе се чувствуваат безбедно“.
„За жал, тоа е далеку од така, и русофобите во ЕУ се обидуваат да ги пишуваат нотите. Силните држави сѐ повеќе и повеќе почнуваат да ја разбираат погубноста и безизлезноста на таквите обиди“, потенцира Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче