Русија има намера да соработува со властите на САД таму кога што тоа ќе одговара на нејзините национални интереси, а силно ќе одговори на сите непријателски потези на Вашингтон, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за РЕН ТВ, пренесува РИА „Новости“.
„Далеку од тоа дека сѐ зависи од Вашингтон. Тоа „кавалерско-каубојско“ расположение, се разбира, ќе замине во минатото. Тоа боли и ќе трае некое време. Но ние со разбирање ќе се однесуваме кон тоа, ќе чекаме кога ќе стабилизира и слегне таа нова реалност во главите на вашингтонските политичари, а во меѓувреме ќе соработуваме таму каде тоа им одговара на нашите интереси и, се разбира, ќе даваме жесток одговор на секој непријателски потег на наша адреса“, потенцира тој.
Притоа шефот на МНР РФ укажува дека САД веќе сега разбираат дека не можат сами да ги решат сериозните проблеми.
„Времињата се менуваат, и јас спрема тоа се однесувам филозофски. Веројатно, кога имаш моќ која никој и ништо не ја контролира, тоа некако те опушта и те прави полош во извесна мера. Сега Американците чувствуваат дека не можат да ги решат сами сериозните проблеми, дека сега дури не можат да влијаат и на такви земји кои одамна се нивни сојузници, како на пример Турција, која ги игнорира нивните барања во однос на самото сириско регулирање. Американците и Курдите во Сирија соработуваат, а Анкара ја прогласи партијата „Демократски сојуз“ (партнер и сојузник на САД) за терористичка организација, ја гранатира од своја територија. Ние неколкупати им укажувавме на Американците дека тоа е нарушување на сите наши договори и резолуции, но тие некако збунето веднат глава и велат дека се согласуваат со нас, но е потребно некое време за некого и некако да смират “, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче