„Мислам дека постои политички фактор, а друго е прашањето дали е тој доминантен или сепак има научни основи за вклучување на еден или друг препарат во листата со забранети. Тоа допрва треба да се разјасни“, рече Дворкович во интервјуто за агенцијата „Р спорт“, пренесува РИА „Новости“.
Според неговите зборови, владата на Русија ќе упати официјално барање за добивање на резултатите од научните истражувања и надзорот од колегите од Светската антидопинг агенција во врска со милдронатот кој е ставен во класата „Хормони и модулатори на метаболизмот“.
„Ќе ги испитаме конкретните индивидуални случаи: што се случило во секој конкретен случај. Каде имало нарушување за кое е одговорен самиот спортист, каде супстанцијата, можеби, била присутна по примена во текот на минатата година, кога препаратот сѐ уште беше дозволен, каде станува збор за незаконски постапки на лицата кои се одговорни за присуството на супстанцијата кај спортистот. Тоа сега не може да се исклучи. Во крајна мера, постојат прелиминарни сомнежи во врска со тоа“, додаде Дворкович.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче