Москва не предлага федерализација на Сирија

Москва и Вашингтон не разгледуваат можност за федерализација на Сирија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.

Информациите во медиумите за разговори меѓу Русија и Западот за федерализација на Сирија не се вистинити. Москва за тоа не зборувала, соопшти специјалниот претставник на претседателот на Русија за Блискиот Исток и Северна Африка и заменик-министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.

„Тоа е апсолутна глупост. Ние не сме предлагале такви идеи. Такви идеи треба да предложат самите Сиријци. Токму тие треба меѓу себе да разговараат и да се договараат“, рече тој.

„Прашањето за државното уредување треба да го решат самите Сиријци. Тие треба да го состават Уставот за својата земја и во него да определат каков ќе биде системот на владеење“, објасни тој.

„Поаѓаме од тоа дека е најдобро да се зачува единството на територијата и народот. Ние не се мешаме во тоа и не ја одредуваме својата позиција по тоа прашање“, рече Богданов.

Москва е оптимист за меѓусириските преговори во Женева кои ќе почнат на 14 март,  нагласи Богданов, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња