Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека одлучно ги осудува нападите врз дипломатските и конзуларни претставништва на Руската Федерација во Украина и ја истакна одговорноста на вмешаните лица во согласност со важечкото законодавство, се наведува во соопштението објавено на сајтот на МВР Украина.
Министерството потсетува дека обезбедувањето на странските и конзуларни претставништва спаѓа во меѓународните обврски на земјата.
„Секој напад врз нивната неповредливост претставува напад врз меѓународниот авторитет на нашата земја и нејзините меѓународни правни обврски“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.