Германија зазеде претерано пријателски однос спрема Русија, изјави на 11 март во интервју за агенцијата ДПА амбасадорот на Украина во Германија Андриј Мељник, а пренесува „Дојче Веле“.
„Сега се обидуваат да ја префрлат вината врз Украина (за кршењето на „Минската спогодба“)... Се разбира, секогаш е полесно да се конфронтирате со послабата страна. И Германците и Французите го прават тоа со задоволство“, изјави амбасадорот на Украина во Германија, потсетувајќи дека Украинците го сметаат таквиот однос за неправеден.
Според мислењето на Мељник, Германија сака да го зајакне пријателството со Русија, а германската влада ѝ испраќа на Москва „погрешни сигнали”.
„Овие сигнали од Берлин се толкуваат како слабост. Тоа не се гледа како отстапка или како тактика на преговарање“, додаде дипломатот.
Мељник исто така смета дека Русија има желба да се врати во Г-8 и дека за неа тоа е поважна цел отколку укинувањето на западните санкции. Во врска со тоа амбасадорот ја повика Германија и останатите членки на Г-7 да не ја примаат Русија во своите редови.
Претставникот на Министерството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер изјави дека обвинувањата на Мељник се неоправдани и дека Берлин не прави разлика меѓу Москва и Киев кога се работи за реализација на „Минската спогодба“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче