Меѓународната заедница не смее да ги игнорира предизвиците кои доаѓаат од страна на Русија, изјави Петро Порошенко на 10 март во интервју за турска телевизија, пренесува „Укринформ“.
„Русија е присутна на Крим, на истокот на Украина, во Сирија, Приднестровје, Осетија, Абхазија – секаде. Тоа создаде точка на нестабилност. Тоа што Русија го зајакнува своето воено присуство на неколку места во Сирија, каде распоредува современо вооружување за бомбардирање, сметам дека не води кон стабилизација на ситуацијата. И Украина, Турција, НАТО, Европа или САД не можат да го игнорираат овој предизвик“, изјави шефот на украинската држава.
Според негова процена, опасноста која доаѓа од Русија има глобален карактер, а руските воздушни напади во Сирија немаат никаква врска со борбата против тероризмот.
„Ние предлагаме ефикасен метод за регулирање на бегалската криза. Треба да се пронајде ефикасен механизам за координација меѓу Турција, Украина, ЕУ, сите меѓународни партнери и трансатлантски партнери (Канада, САД). Ние не го прифаќаме однесувањето на руската страна“, додаде Порошенко.
Претходно Порошенко ја обвини Русија дека ја предизвикала бегалската криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче