Врз амбасадата на Русија во Киев фрлени „Молотови коктели“

Неколку „Молотови коктели“ беа фрлени во дворот на амбасадата на РФ во Киев, но не предизвикаа пожар.

Непознати лица ноќеска фрлиле неколку „Молотови коктели“ во дворот на амбасадата на Руската Федерација во Киев, но пожар не настанало, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на амбасадата Олег Гришин.

„Околу три часот ноќеска на територијата на амбасадата беа фрлени неколку „Молотови коктели“. Поради среќни околности, не дојде до опожарување“, изјави тој.

Според зборовите на портпаролот на амбасадата, напаѓачите биле приведени од органите на редот и мирот.  

Настанот е снимен со камера и можете да го видите овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња