Мелдониумот (милдронат) се најде на листата со забранети препарати откако Антидопинг агенцијата на САД доби информација за неговата употреба во источна Европа во својство на допинг, пишува порталот „Ју-Ес-Еј Тудеј“ повикувајќи се на неименуван извор.
Потпирајќи се на информации добиени од доверливи лица, Антидопинг агенцијата на САД во 2014 година ја стави дискусијата за мелдониумот на дневен ред на годишниот симпозиум во Феникс. Во октомври истата година мелдониумот беше ставен на списокот со забранети препарати чија употреба ја надгледува Светската антидопинг агенција (WADA), пишува порталот.
Кон крајот на 2014 година се направени тестови на 8300 случајно избрани примероци на урина, а супстанцијата е пронајдена во 182 случаи (2,2%), а се работеше исклучително за спортисти од источна Европа. Врз основа на истражувањето кое го финансираше Антидопинг агенцијата на САД објавено во април 2015 година, мелдониумот е ставен на списокот со забранети супстанции од 1 јануари оваа година, пишува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Деновиве спортот го потресе скандал со допинг на врвни руски спортисти, меѓу кои е и поранешниот светски рекет број еден во женска конкуренција Марија Шарапова, во чиј примерок беше најдена забранетата супстанца. Создавачот на препаратот Иварс Калвинш изјави дека не го смета препаратот за допинг, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Во Русија милдронатот не е забранет, дури се наоѓа и на листата на привилегирани медикаменти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче