Ердоган:За разлика од Сирија, никој не бараше од Русија да влезе во Украина

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше „непреваденото“ вмешување на Русија во ситуацијата со Сирија и во Украина, соопштува „Хуриет Дејли Њуз“. Покрај тоа, Ердоган се интересира „кој побара од Русите да влезат во Украина“, истакнува турското издание.

На заедничката прес-конференција со претседателот на Украина Петро Порошенко, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше „неправедното мешање“ на Руската Федерација во ситуацијата во Сирија и во Украина, соопштува „Хуриет Дејли Њуз“.

„Русија тврди дека ја почна воената операција во Сирија по барање на сириската влада“, изјави Ердоган. „Би сакал да знам, кој ги замоли да влезат во Украина? На кој начин тоа спаѓа под нормите на меѓународното право?“

Претседателот на Турција исто така рече дека странските сили треба да ја напуштат територијата на Украина и да му ја вратат на Киев контролата над границата со Русија, истакнува турското издание.  

За возврат, Порошенко се заблагодари за турската поддршка во однос на „бруталното нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ од страна на Русија.

„Турција е пријател и партнер“, изјави украинскиот претседател.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња