САД имаат намера во 2017 година да го зголемат военото присуство во Европа. Со таа цел во Европа ќе бидат префрлени тенкови М1 „Абрамс“, хеликоптери AH-64 „Апачи“ и UH-60 „Црн Сокол“, како и оклопни транспортери „Страјкер“ со 30мм автоматски топ, соопштува „Блумберг“ повикувајќи се на документи извори во армијата на САД. Бројноста на постојаниот персонал на вооружените сили на САД во Европа ќе остане на претходното ниво – 30000 војници.
Командантот на силите на САД во Европа Бен Хоџис изјави дека САД „ревносно работат, совладувајќи ги лекциите кои ги извлекоа од ситуацијата со Украина“. Пентагон исто така планира да потроши околу 25 милиони долари за обука на сили за специјална намена кои ќе се занимаваат со тренинг на војниците на сојузничките сили и во случај на потреба да учествува во мисии. Освен тоа, се планира и усовршување на обработката и пренесувањето на податоци од воздушното разузнавање меѓу членките на НАТО. Во текот на заедничките маневри војските ќе работат на распоредување на сили и нивно маскирање.
Во борбената воздушна бригада на САД влегуваат 2800 војници, 48 хеликоптери AH-64 „Апачи“, 53 хеликоптери UH-60 „Црн сокол“ и 24 воени дронови „Сенка“ (Shadow) и „Сив Орел“ (Gray Eagle).
Хоџис исто така изјави дека има мали шанси за отворена војна со Русија. „Затоа сме потребни, за да има мали шанси за неа“, истакна командантот.
Од своја страна, портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи ја информацијата на „Блумберг“, го адресираше прашањето за зајакнувањето на групацијата на САД до Министерство за одбрана, пренесува „Ведомости“.
„Нашата војска, сигурен сум, на еден или друг начин ќе ја коментира таа ситуација доколку биде потребно. Тоа е прашање кое се однесува на нашиот одбранбен ресор“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче