Американската корпорација Orbital Sciences Corporation од руската компанија „Енергомаш” ќе купи уште осум мотори РД-181 за својата ракета-носач „Антарес“, соопшти прес-службата на руското претпријатие.
„Можноста е реализирана во рамките на договорот за испорака на ракетните мотори РД-181 за првите блокови на ракетите-носачи „Антарес“, соопштил прес-службата, а пренесува ТАСС.
Во јануари 2015 година беше потпишан договор за испорака на САД на руските ракетни мотори РД-181. САД за 60 мотори ќе платат околу една милијарда долари. Во цената се вклучени подготовката за лет, монтирањето на моторите на ракетата и тестирањето. Русија во јули им ги испорача на САД првите два ракетни мотори РД-181.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче