Ситуацијата во светската економија и на глобалните финансиски пазари ќе продолжи да се влошува во текот на оваа година, а најтешко ќе им биде на пазарите во развој поради драстичниот пад на цените на суровините, се наведува во писмото кое претседателот на бордот на директори на фондот RIT Capital Partners лорд Џејкоб Ротшилд им го испрати на своите клиенти.
„Во текот на последниве неколку години станавме сведоци на фактот дека земјите во развој со експлозивно темпо ги зголемуваат девизните долгови, кои мораат да ги враќаат во долари, чија вредност драстично порасна и тоа во ситуација во која дојде до колапс на цените на суровините, се вели во писмото.
Земјите како Бразил, Русија, Нигерија, Казахстан и Украина, како што вели тој, се наоѓаат во голема неволја.
Ротшилд смета дека кризата во целиот свет расте. Вистинските размери на забавувањето на растот на кинеската економија сѐ уште не се јасни. Кризата на Блискиот Исток нема да биде решена во догледна иднина. Растот на економиите на САД и ЕУ е разочарувачки, се вели во писмото.
Сепак, треба да се напомене дека Русија совесно ги исплаќа своите долгови. Така, според податоците на Банката на Русија во периодот од јануари 2015 година до јануари 2016 година вкупниот долг на Русија е намален од 599 милијарди долари на 515,3 милијарди долари, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче