Министерството за одбрана на Русија купува пет делфини

Mинистерството за одбрана на Руската Федерација објави дека купува пет клунести делфини во вкупен износ од 1,75 милиони рубли.

Министерството за одбрана на Русија распиша тендер за набавка на делфини кои мораат да одговараат на следниве критериуми: односот женки-мажјаци да биде 2:3, минимална старост три години, максимална старост пет години, минимална вкупна должина на телото 2,3 метри, максималната должина на телото 2,7 метри, состојба на кожата – без видливи повреди. Набавката треба да биде реализирана до први август оваа година.

Во светот денеска постојат само два центри за обука на борбени делфини – базата во Сан Диего во САД и Севастопол. Во Црноморската флота не ја коментираа оваа информација изјавувајќи дека институциите кои се занимаваат со делфини не се под нивна ингеренција туку исклучително под врховната команда на Морнарицата. Други податоци кои ќе наведат нешто за руските програми за користење животни во воени цели не се познати, пишува „Взгљад“.

Борбените делфини се делфини обучени за воени цели. Воените структури на САД и СССР обучуваа делфини за извршување различни задачи како што се откривање на подводни мини и достава на експлозив до противнички брод.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња