Медиум: На Европската унија ѝ е потребен непредвидливиот Ердоган

Авторитарниот турски претседател во текот на сириската криза докажа дека е несигурен и проблематичен партнер за ЕУ, пишува британски „Гардијан“.

Кризата во руско-турските односи докажува дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган е несигурен како партнер на Европската унија, пишува во статијата  што ја објави британскиот весник „Гардијан“. Но на Европа сега без оглед на сѐ ѝ е потребна неговата помош, истакнува авторот на статијата и Сајмон Тиздел.

Новинар пишува дека несигурноста на Ердоган се пренела и на ситуацијата во Сирија, каде неговата политика сами ја усложнила ситуацијата. „Агресивното однесување на Ердоган, наредбата да се собори рускиот воен авион, ја претвори сириската војна во конфронтација на велесили“, тврди авторот на статијата.  

„Како мајстор за политички и лични навреди, тој не ја закопува лесно воената секира, ако воопшто и го прави тоа. Тој ретко ги признава своите грешки. И многу лесно може да го загуби своето трпение, а сето тоа го прави многу непредвидлив партнер на очајната Европска унија“, пишува Тиздел.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња