Европски пратеници повикуваат на санкции против Путин

Парламентарците објавија „список Савченко", во кој, покрај претседателот на Русија, влегоа уште 28 лица.

Пратеници од Европскиот парламент ја повикаа шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини да воведе персонални санкции против претседателот на Русија Владимир Путин и уште 28 лица поради случајот со Надежда Савченко, пренесува РИА „Новости“.

Во писмото, потпишано од 57 пратеници, се наброени презимињата на оние, кои според мислењето на европараментарците, „се одговорни за политичката одлука за апсењето  на Савченко, нејзиното транспортирање на територијата на Русија, нејзиното незаконско приведување и покренување фабрикувани обвиненија“. Исто така, според мислењето на политичарите, санкции треба да им се наложат на оние кои придонеле за „легитимизација на дејствијата на Русија во очите на меѓународната заедница“.

Покрај Путин, на списокот се најдоа  и шпефот на ФСБ Александар Бортников, шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков, шефот на Истражниот комитет Александар Бастрикин, лидерот на самопрогласената Луганска народна република Игор Плотницки, како и низа иследници, судии и други лица.

Апелот го објави на својот Твитер-профил полскиот европратеник Јацек Сариуш-Волски.  

​Политичарите сметаат дека санкциите вклучуваат во себе забрана за издавање европски визи, замрзнување на активите и конфискација на целиот имот на територијата на Европската унија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.