На својот Фејсбук-профил Захарова пишува дека авторството на изјавата предизвикува сомневање по неколку точки.
На пример, таа истакнува дека во „Минската спогодба“ „нема ниту збор за Савченко и нејзиниот случај не потпаѓа под ниту еден таму опишан случај“. Исто така, таа смета дека објавувањето на повикот за ослободување на обвинетата еден ден пред да заседава судот претставува притисок врз судот.
Освен тоа, Захарова во соопштението го нарекува „левосудие“ случајот на Русинот Виктор Бут кој отслужува 25-годишна казна во американски затвор за подготовка на испораки на оружје за колумбиската радикална организација ФАРК. Исто така, портпаролот на рускиот дипломатски ресор потсетува на „новите податоци за тајните затвори на ЦИА“ и затворот Гвантанамо.
Претходно Стејт департментот на САД изјави дека судењето на Савченко „сведочи за непочитување на меѓународните норми, ако и за обврските на Русија во согласност со „Минската спогодба“, пишува „Газета.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче