Пауер: Вашингтон е принуден да ја продолжи политиката на санкции

Постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер изјави дека санкциите воведени од САД против Русија се одразуваат на општата благосостојба на руските граѓани.

Белата куќа се однесува без ентузијазам во однос на санкциите против Русија, меѓутоа Вашингтон има намера да продолжи со таквата политика против Москва, изјави за РБК постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер.

„Ние разбираме дека санкциите влијаат на општата благосостојба на граѓаните на Русија, но, за жал, принудени сме да продолжиме со таквата политика, затоа што не можеме мирно да се однесуваме спрема грабнувањето на Крим. Иако никој во администрацијата (на претседателот на САД) не се однесува спрема санкциите со ентузијазам“, изјави Пауер на прашањето „колку се корисни или бескорисни санкциите“.

Таа истакна дека процесот на реализација на „Минската спогодба „оди бавно“. Притоа изрази увереност дека „комбинацијата од економски санкции од наша страна и падот на цените на нафтата придонесуваат за развој на ситуацијата во неопходниот дипломатски режим“.

„Прашањето до што доведуваат санкциите се дискутира постојано. Има примери со Иран, потполна изолација, и со Јужна Африка (санкциите поради Апартхејдот), каде санкциите на крај доведоа до решавање на дел од прашањата. Санкции во тековниот вид (економски) сѐ уште немало. Политиката на Русија со грабањето на земји потсетува на ситуација од 19 век и ги нарушува сите цивилизирани правила прифатени во светот“, смета Пауер.   

Дипломатот претпоставува дека кризата околу ситуацијата со Крим и Украина настана поради тоа што на претседателот на Русија Владимир Путин „не му одговараше загубата на претседателот на Украина (Виктор Јанукович) кого можеше да го контролира и врз кого можеше да има влијание“.  Од гледна точна на Пауер, украинските власти уште долго ќе мораат да преземаат активности за да ги отстранат последиците од оваа криза.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња