Кина: Сoработката со Русија ќе ги надмине сите искушенија

„Нашата соработка се заснова врз заемна доверба и поддршка, таа не може да се промени под влијание на надворешни околности“, изјави шефот на кинеската дипломатија.

Односите меѓу Русија и Кина се градат врз принцип на долгорочна стабилност и можат да ги надминат сите искушенија на меѓународната сцена, изјави министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји.

„Нашата соработка се заснова врз заемна почит и поддршка, таа не може да се промени под влијание на надворешните околности“, изјави шефот на кинеската дипломатија, а пренесува „Взгљад”.

Министерот за надворешни работи на Кина истакна дека руско-кинеските односи се „зрели и стабилни“.

„Русија и Кина се меѓусебно економски компатибилни и имаат голема желба да работат заедно. Нашата соработка е долгорочна и стратешка по својата природа. Сметам дека минливите фактори не можат да го нарушат развојот на нашата соработка“, изјави Ван Ји.

Амбасадорот на Кина во Москва Ли Хуеј изјави во јануари дека се планира основање на фонд за руско-кинеска регионална соработка кој ќе ги поддржува проектите на далечниот исток на Кина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња