„Рено“ ја најави оставката на Андерсон од местото прв човек на „АвтоВАЗ“

Алијансата Рено-Нисан, која го контролира главниот пакет на акции на „АвтоВАЗ“, официјално објави дека првиот човек на „АвтоВАЗ“ Бо Андерсон ја напушта својата функција.

Алијансата Рено-Нисан, која го контролира главниот пакет на акции на „АвтоВАЗ“, официјално објави дека првиот човек на „АвтоВАЗ“ Бо Андерсон ја напушта својата функција. Бордот на директори на „АвтоВАЗ“ треба да го одреди неговиот наследник на 15 март, пишува РБК.

Претходно оставката на Андерсон ја најави првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов.  

„Неговиот наследник ќе мора да биде на чело на следната етапа од операцијата за изведување на компанијата од кризата“, соопшти прес-службата на „Рено Русија“.

Во петокот, 4 март, за оставката на Андерсон во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ зборуваше директорот на „Ростех“ Сергеј Чемезов. „Сега ни треба друг човек. Тоа е сѐ“, рече тогаш Чемезов.  

Тригодишниот договор на Андерсон истекува во декември 2016 година.

Извори за РБК изјавија дека двата акционери на „АвтоВАЗ“ – алијансата „Рено-Нисан“ и државната корпорација „Ростех“ не се задоволни од работата на Андерсон. Еден од соговорниците на РБК изјави дека во 2015 година Чемезов го критикувал Аадерсон за кадровската политика што била спроведувана во „АвтоВАЗ“. Во фабриката последниве години имаше масовни отпуштања на работници. Покрај тоа, првиот човек на „АвтоВАЗ“ не можел да ја исполни задачата за постигнување на удел на пазарот од 20%. На крајот на 2015 година „АвтоВАЗ“ беше со рекордна загуба од 74 милијарди рубли. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња