Денеска претседателите на Русија и на Египет, Владимир Путин и Абдел Фатах ал-Сиси во текот на телефонскиот разговор разговараа за можноста за обнова на авионскиот сообраќај меѓу двете земји, за примирјето во Сирија и низа меѓународни проблеми. Претседателите ја потенцираа неопходноста од борбата против меѓународните терористи не само во Сирија, но и во Либија и Јемен, пренесува „Комерсант“.
„Истакната е важноста од создавање на сите неопходни услови за обнова на летовите на руските авиони во Египет и туристичката размена“, се вели во официјалното соопштение на прес-службата на Кремљ. Покрај тоа, се истакнува дека страните ги разгледале перспективите за развој на билатералната соработка „во сферата на енергетиката и воено-техничката соработка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче