Во Норвешка се одржуваат најголемите воени вежби во Европа под кодното име „Студен одговор“. Војските на НАТО учествуваат во нив за да се стекнат со искуство во борбени дејства при ниски температури.
Во легендата на маневрите се зборува за воен конфликт во измислена студена земја. Сепак во неодамнешниот извештај на норвешкото разузнавање, особено внимание ѝ беше посветено на Русија како една од заканите на полето на безбедноста. Официјалните лица на НАТО тврдат дека маневрите немаат никаква врска со Русија.
Политикологот Дануел Глејзбрук смета дека маневрите претставуваат очигледна закана за Русија од страна на НАТО.
„Тоа што НАТО го зголемува своето присуство околу Русија и се обидува да ја опколи земјата, заканувајќи ѝ се со маневри од таков вид, е очигледен факт. Искуството од претходните години вели дека не треба да им се верува на изјавите на лидерите на НАТО дека со ништо не ѝ се заканува на Русија. Џорџ Буш постариот тврдеше дека ширење на НАТО на исток нема да има, меѓутоа, секоја земја која ѝ се придружи на ЕУ од исток, потоа се присоединуваше кон НАТО. Така што уверувањата на Северноатлантската алијанса не се ништо освен зборување во празно. Не треба да им се верува. Во реалноста гледаме како НАТО систематски ги зголемува силите во регионот“, изјави Глејзбрук за РТ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче