Маневрите на САД и Јужна Кореја, во кои за предмет на можен напад се смета Северна Кореја, не можат да не предизвикаат разбирлива загриженост кај севернокорејските власти. Сепак, ветувањето на Пјонгјанг дека ќе нанесе „превентивен нуклеарен удар“ е категорички недозволиво, се вели во коментарот на МНР Русија за ситуацијата на Корејскиот полуостров објавен во понеделникот, 7 март.
„Пјонгјанг треба да биде свесен дека со самото тоа Северна Кореја дефинитивно се поставува против меѓународната заедница и дава меѓународно-правна основа за примена против себе на воена сила во согласност со утврденото во Повелбата на ООН право на државите на самоодбрана“, потенцира министерството.
Покрај тоа, Москва апелира до страните на смиреност и разумност, како и на да не се дозволи „неконтролирано ширење на конфликтот“.
Претходно властите на Северна Кореја објавија соопштение во кое ветија дека ќе нанесат „превентивен нуклеарен удар“ врз САД и Јужна Кореја во случај на закана по безбедноста на земјата, како што се големите воени вежби на Вашингтон и Сеул. Пјонгканг исто така соопшти дека има план за воена операција за ослободување на Јужна Кореја.
Сеул ги нарече изјавите на Северна Кореја за провокација и вети дека ќе реагира на агресијата од страна на севернокорејскиот сосед „одлучно и беспоштедно“, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче