Меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ја претстави Светската економска прогноза (Global Economic Outlook), според која растот на светската економија ќе се намали. Притоа агенцијата не очекува глобална рецесија. Така, согласно новата прогноза, растот на БДП на развиените земји годинава ќе изнесува 1,7% место 2,1%, како што се очекуваа во декември.
„Фич“ прогнозира дека БДП-то на Русија годинава може да се намали за 1,5%. „Во Русија ниските цени на нафтата ја намалуваат корпоративната добивка и предизвикуваат поригорозна буџетска политика, додека високите каматни стапки и реалната плата што се намалува вршат притисок на побарувачката“, истакнува агенцијата.
Агенцијата очекува дека просечната годишна цена на нафтата марка „Брент“ ќе изнесува 35 долари за барел во 2016 година и 45 долари за барел во 2017 година. Во декември „Фич“ сметаше на раст на цената на нафтата на 55 долари годинава и 65 долари за догодина, пренесува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче