Руски нуркачи поставија светски рекорд за нуркање под мраз

Нуркачите во рамките на проектот „13 мориња на Русија“ се спуштија на длабочина од 102 метри во Белото море.

Нуркачите на научно-истражувачката група на Руското географско друштво постави светски рекорд за нуркање под мраз во Белото море, спуштајќи се на длабочина од 102 метри, соопшти прес-службата на одделението на друштвото во Татарстан, пренесува РИА „Новости“.

„Наведениот факт го регистрираше Божана Остојиќ, член на екипата на Жак-Ив Кусто, член на бордот на директори на Светската конфедерација за подводна активност. Достигнувањето рекордна длабочина беше реализирано на 5 март. Групата за нуркање се состоеше од стручњаците за нуркање Максим Астахов и Александар Губин, нив ги обезбедуваа Алексеј Полешчук и Игор Артемјев. Времето за спуштање изнесуваше 80 минути. Температурата на водата – 1,5 степени според Целзиус“, се вели во соопштението.

Како што прецизираат во РГД, експедицијата во Белото море е дел од големиот проект „13 мориња на Русија“ и е клучна етапа во подготовката на експедицијата за Арктикот. Основната задача е испитување на руската подводна опрема на големи длабочини.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња