Медиум:Гасниот конфликт може да ја претвори Русија во „Саудиска Арабија“

САД и Австралија имаат намера да почнат со испорака на големи количини течен природен гас во Европа, што може да доведе до заострување на конкуренцијата со рускиот гасен гигант „Гаспром“ пишува германски „Ноје Цирхер Цајтунг“.

Со почетокот на револуцијата на добивање нафта од шкрилци, САД се покажаа како „преполни со гас“, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“. Во врска со тоа американската компанија Cheniere Energy има намера да се зафати со реализација на низа проекти за извоз на гас. На пример, наскоро треба да почне испораката на течен природен гас од гигантското наоѓалиште на гас Горгон во Австралија. Со самото тоа ќе биде удрен темелот на серијата австралиски гасни проекти кои можат да направат земјата да стане главен извозник на гас во светот по Катар.

Во целина трговијата со течен гас ќе доведе до потесни врски меѓу Северна Америка, Азија и Европа. Според мислењето на раководителот за трговија со течен гас на компанијата Vitol Дејвид Томас, американските производители ќе бараат пазари пред сѐ во Европа, и неизбежно се јавува прашањето како ќе реагира на тоа „Гаспром“.

За рускиот гасен концерн Европа до моментов останува најважниот пазар, истакнува изданието. Можен е почеток на конкурентска борба на полето на цените, по аналогија на Саудиска Арабија на нафтениот пазар. ЕУ сѐ посилно повикува на увоз на течен природен гас за да се ослободи од зависноста од Русија.

Сепак, слично на Саудиска Арабија, „Гаспром“ е способен да произведува огромни количини гас по многу ниска цена. Затоа рускиот концерн може „со леснотија да ги намали цените на американскиот течен гас“, уверен е аналитичарот Џејмс Хендерсон од Оксфордскиот институт за енергетски истражувања. Според мислењето на Хендерсон, „Гаспром“ ќе се обидува „да ги спречи краткорочните американски испораки во Европа и да им попречи на долгорочните инвестиции во нови проекти поврзани со течниот природен гас“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња