Директорот на Центарот за стратешки комуникации на НАТО Јанис Сартс изјави дека Русија прави обиди да ја отстрани канцеларката на Германија Ангела Меркел со помош на бегалската криза, пишува „Гардијан“.
Според зборовите на Сартс, Меркел не ѝ одговара на Москва како одлучен поборник за санкциите.
„Ангела Меркел беше многу непопустлив приврзаник на продолжувањето на санкциите против Русија. Тоа би била праведна казна, што би било добро – но ова е тестирање дали можат да се потпираат на веќе постојните проблеми и да создадат импулс кој би можел да доведе до политички промени во Германија“.
Функционерот прецизираше дека во наведениот случај тој го искажува своето мислење како експерт, а не како претставник на НАТО. Според неговите зборови, Русија наводно го разгорува проблемот со бегалците во Германија преку рускојазичната заедница и социјалните мрежи. Тој исто така смета дека Русија е подготвена да искористи секаква крајна политичка сила, лева и десна, ако тоа ја задоволува нејзината агенда. Тој истакна дека во последно време таквите обиди бележат опаѓање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче