Во тешката економска ситуација претседателот на Русија Владимир Путин покажа дека е „мајстор во големата игра“, пишува аналитичарот Тод Вуд за „Вашингтон Тајмс“. Според неговото мислење, главната улога во тоа ја одиграло искуството стекнато врз основа на распадот на СССР и кризата во 90-те години.
„Советскиот џин е победен поради неговата финансиска слабост. Лекциите кои од тоа ги научи Путин можат да се видат по тоа како тој реагира на финансиските услови со кои се соочи земјата“, се наведува во статијата.
Пред сѐ, пишува Вуд, Москва го исплати поголемиот дел од државниот долг и го одржува на ниско ниво, под 20% од БДП-то. Државниот долг на повеќето западни земји е значително поголем. „Финансиската неодговорност на Западот е поразителна“, истакнува аналитичарот.
Нивото на девизните резерви Русија, напротив, го зголеми, што ѝ овозможи да се избори со финансиските потешкотии изминатите години. Дури и во текот на оваа криза Москва се обидува да не го намалува нивото на резерви, пишува новинарот. Тој, меѓутоа, истакнува дека Русија не успеала да се ослободи од зависноста од суровините.
Но и тука Путин, според зборовите на Вуд, „покажува мудрост во финансиските прашања, зголемувајќи ја цената на нафтата само преку преговори и одржувајќи го притоа високото ниво на производство”. Русија не може да си дозволи да го намали производството на нафта и гас и да ризикува да ги изгуби странските купувачи, истакнува авторот на статијата.
Тод Вуд потсетува дека цената на нафтата се стабилизираше на ниво повисоко од 30 долари за барел, што е многу повеќе од 15 долари, колку што прогнозираа аналитичарите.
„Путин добро ја одигра партијата, иако имаше слаби финансиски карти”, заклучува новинарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче