Натпреварувањето за професионални вештини за жени-војници „Шминка под униформа“ првпат ќе се одржи во Русија на 3 и 4 март во центарот за обука на РВСН.
„Во текот на натпреварувањето 60 учеснички ќе ги демонстрираат своите умешности и навики во тактичка, специјална, техничка, борбена и физичка подготовка, ќе одработат специјална комплексна задача со употреба на учебно-борбена и специјална техника и апаратура. Сите етапи на натпреварувањето имаат јасно сценарио со една замисла, максимално приближување до тактичко-специјалните маневри“, соопшти прес-службата на МО РФ.
Се истакнува дека девојките ќе се натпреваруваат во брза радиотелеграфија (радио-размена во услови на примена на оружје за масовно уништување и пречки од страна на противникот), како и во услови на „хемиска тревога“.
Исто така, ќе има натпревар во гаѓање, како и натпревари во креативност, кулинарски и интелектуални вештини, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче