Украински политичар предвидува „миграциски бран“ од Русија

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Александар Турчинов сака Киев да воведе визен режим со Русија.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Александар Турчинов изјави дека визниот режим со Русија ќе го заштити Киев од „миграциски бран“, пишува „Взгљад“.

„Ќе дојде време и ние ќе се судриме со колосален миграциски бран кој може да надојде до Русија во Украина“, изјави тој, одговарајќи на прашањето за потребата од воведување визен режим.

„Затоа сам уверен дека е подобро веднаш да се обезбедиме отколку да го правиме тоа постфактум“, изјави Турчинов.

Според него, за да се избегне тоа, потребно е да се забрза процесот на воведување визен режим со Русија. Тој смета дека миграцијата од Русија ќе почне поради кризата во оваа земја.

Меѓутоа, во реалноста емигрантите се движат во спротивна насока: од Украина во Русија. Според декемврискиот извештај на ОН за миграцијата во Европа, во текот на првото полугодие 2015 година најмногу нови барања за азил граѓаните на Украина поднеле во Германија (159 илјади), додека на второ место е Русија со 100 илјади луѓе кои ја напуштиле Украина поради вооружениот конфликт.

Според податоците на Федералната миграциска служба на Руската Федерација, во Русија се наоѓаат 2,6 милиони граѓани на Украина, од кои преку еден милион лица се од истокот на земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња