Во текот на последните три години, РФ годишно повикува 15 илјади странски државјани на бесплатно студирање на високообразовните институции, а во споменатиот процес се вклучени над 400 руски универзитети, изјави во интервју за РИА „Новости“ директорката на Федералната агенција „Россотрудничество” Љубов Глебова.
„Оваа година приемот првпат е апсолутно јавен. Откако се запознавме со искуствата во другите земји и гои користиме, пријавувањето се извршува јавно во електронска форма. Во самата процедура ништо не е сменето, само што таа стана потранспарентна и поедноставна. Државјани на 198 земји можат да се пријават за школување на руските универзитети во разни области (од медицина до технички науки, вклучувајќи и нуклеарна физика). Русистите, лингвистите и филолозите се одвоени, сѐ што е поврзано за рускиот јазик денес во странство е многу барано“, истакнува Глебова.
Таа вели дека првиот чекор е регистрацијата на порталот www.russia.study и дека за тоа е потребно околу дваесет минути. Откако ќе се регистрираат, кандидатите ќе добијат можност да ги внесат потребните податоци и желби во поглед на образованието, како и да напишат мотивациско писмо. Прелиминарниот избор на кандидати го вршат оператори во одредени земји. За да не дојде до тоа да „упаднат“ такви кои тоа не го заслужуваат и да го заземат местото на некој кој вреди повеќе, ќе се погрижат претставништвата на „Россотрудничество“ во конкретни земји.
Конечниот избор го врши комисија која ја сочинуваат претставници на Руските центри за наука и култура, амбасади, локални министерства за образование и општествени организации. Во тек се преговори со универзитетите со цел нивно вклучување.
На оние кои нема да поминат ќе им биде понудено самофинансирање кое, според Глебова, е поволно во однос на други земји, затоа што годишната школарина на повеќето факултети изнесува од 1000 до 1500 евра.
Оние кои ќе ја поминат селекцијата и ќе се најдат меѓу 15 илјади идни студенти, избираат шест универзитети и ги рангираат. Факултетите потоа избираат, оние што нема да се запишат на првиот факултет можеби ќе биде избран за студирање на шестиот. А оние што нема да се најдат на листата, ќе добијат алтернативен предлог, важно е што никој во тој синџир нема да биде прескокнат.
Руското образование, и покрај тешките периоди низ кои помина, сѐ уште многу високо котира во светот.
Глебова ја истакнува и користа која Русија ја има од овие проекти. Најмотивираните, најдобрите и најбараните остануваат во Русија и продолжуваат да учат и работат. Освен тоа, бесплатното студирање се однесува и на постдипломците.
Студентите кои не го знаат рускиот јазик (такви има околу 4 илјади годишно) студираат на посебни факултети каде го учат јазикот година дена пред да почнат да студираат. Нивната подготовка чини околу сто илјади рубли годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче