Како што велат локалните жители и припадниците на одредите на народната самоодбрана, Турција ги штити терористите, а турската војска гради и ѕидови на територијата на Сирија. „РТ“ објави материјали кои ја потврдуваат соработката на Анкара и терористите на „Фронтот ан-Нусра“ во Сирија.
Екипата исто така сними и движење на турски воен конвој во правец на сирискиот град Азаз.
„Гледаме како транспортни средства се движат од Турција во Азаз, во град кој турската војска не им дозволува на Курдите да го заземат. Во близина се и позициите на „Фронот ан-Нусра“, се гледа нивното знаме“, вели новинарката.
„Во близина, на сириско-турската граница гледаме знаме на Турција. Како што велат Курдите, тие постојано гледаат како оружјето пристига во логорот на „Фронтот ан-Нусра“, вели Лизи Фелан. „Веднаш до границата можете да го видите турскиот град Килис, а на сириската страна има мало село кое, како што велат Курдите, го контролираат терористите. Таа групација се наоѓа под заштита на турската војска“, ја коментира ситуацијата дописничката на „РТ“.
По должината на границата, покрај градот Афтин, стационирана е турската војска. „Локалните жители велат дека нивните позиции биле нападнати пред три недели. Турција фактички окупирала дел од сириската територија и подигнала ѕид“, вели Лизи Фелон.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче