Пребрзото откажување од руските ракетни мотори може да ја зголеми вредноста на идните лансирања на сателити на 5 милијарди долари, изјави министерот за ВВС САД Дебора Џејмс, пренесува „Взгљад“.
Според Џејмс, напорите на Военото воздухопловство на САД за разработка на американски ракетен мотор за лансирање во вселената на тешки сателити прогресира, но прераното откажување од користењето на руските модели РД-180 може да ги принуди ВВС САД да се обратат до други испорачувачи.
„Првичната анализа покажува дека преминот (...) ќе ги зголеми трошоците во износ 1,5 на 5 милијарди долари. Колку побрзо биде воведена забрана за користење на РД-180, толку повеќе ќе има дезорганизирачко влијание (...) и толку поголеми ќе бидат расходите“, изјави таа, зборувајќи пред сенатскиот комитет за вооружените сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче