Руската телевизија НТВ денеска го прикажа филмот „Должниците на Стејт департментот”. Во филмот се зборува за тоа како регионални руски медиуми кои добиваат пари од американски фондови (како што се MDIF и IREX) почнаа да ја критикуваат власта и да ја поддржуваат опозицијата, како и да ги оправдуваат настаните во Украина.
Авторите на емисијата „Вонредна состојба. Истражување” зборуваат за тоа зошто САД ги спонзорираат опозициските медиуми во Русија и изнесуваат податоци за некои медиуми кои земале пари од западни фондови, пренесува „Взгљад”.
На интернет може да се погледне оваа емисија во која се наведува дека Стејт департментот и американскиот бизнисмен Џорџ Сорош финансираат руски медиуми. Докази се пронајдени во преписката на Ерик Џонсон, државјанин на САД, кој работи на позиција извршен директор на меѓународната организација Internews Network. Пари добиваат десетици руски медиуми и организации. „Станува збор за стотици илјади, а во некои случаи и за милиони долари“, наведуваат авторите на емисијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче