Климкин сепак мораше да застане пред украинското знаме, а рускиот министер иронично дофрли: „Ќе мора рамо до рамо“, пренесува „Взгљад“.
Подоцна украинскиот министер на својот Твитер-профил напиша: „Штајнмаер и францускиот протокол ми предложија симболично да застанам меѓу Ејро (Жан Марк Ејро, министер за надворешни работи на Франција) и Лавров, ама изгледа дека тоа нема да даде никаков прогрес во односите со Русија“.
По преговорите Сергеј Лавров изјави дека не е постигнат договор за изборите во Донбас поради неконструктивниот став на украинската страна. Сепак, учесниците во преговорите потврдија дека клуч за решавање на кризата во Украина е директниот дијалог меѓу Киев и Донбас.
Интересниот момент можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче