Лавров: Преговорите за изборите во Донбас беа неуспешни поради Украина

Ставот на Украина ги спречи останатите шефови на дипломатиите од „Нормандиската четворка“ да постигнат консензус на преговорите во Париз, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Париз и Берлин предложија одржување на изборите во Донбас во јуни, а Москва беше подготвена да го поддржи тој предлог, изјави Лавров, пишува „Взгљад“.  

„Но украинската страна побара да не се инсистира на тоа, така што, како резултат не се постигна консензус“, истакна тој.  

Притоа Лавров истакна дека прашањата за одржување на изборите подробно биле дискутирани на изминатиот состанок.

„Но во својство на иден чекор зборувавме за изборите во контекст на сето што е потребно за нивно одржување. За тоа е важно и законот за посебен статус да биде донесен, и амнестијата, за луѓето да гласаа и да избираат не под закана од кривичен прогон, ами како слободни граѓани. Затоа е важно да биде гарантирана уставната реформа. За ова се договорија нашите лидери на 2 октомври во Париз, но, за жал, напредок во најважниот процес за решавање – подготовката на изборите – не се случи“, истакна Лавров.  

Русија на средбата во Париз укажувала дека клуч за целиот Мински процес е „директниот дијалог меѓу Киев и Донбас, независно дали е тоа од воен аспект, безбедносен аспект или политички процес“, истакна Лавров.

На крај Лавров укажа дека Русија наишла на целосно разбирање од страна на Берлин и Париз во однос на континуитетот на активностите предвидени со „Минската спогодба“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња