Кремљ одговори на барањето на Доналд Трамп за испорака на Едвард Сноуден на САД, соопштува „Рускаја служба новостеј“.
„Прашањето за Сноуден многупати сме го објаснувале. Нема што да додадеме“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Претходно Доналд Трамп побара од Русија да им го испорача Едвард Сноуден на САД. Ако Москва го почитува Вашингтон, тогаш таа треба да го испорача во татковината, изјави милијардерот во текот на дебатата на телевизијата „Фокс Њуз“.
„Зборував од самиот почеток дека Сноуден е шпион и треба да се врати. И ако Русија нѐ почитува како земја, таа треба да го врати“, рече Трамп.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче