Шефовите на Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Русија имаа телефонски разговор во текот на кој дискутираа за ситуацијата во Сирија. Во текот на разговорот европските лидери го повикаа Владимир Путин да влијае на сириските власти, пренесува РИА „Новости“.
Разговорот се одржа неколку дена пред планираните за 9 март долгоочекувани меѓусириски разговори во Женева. До последен момент остана интрига кој ќе биде петтиот учесник во разговорот – подоцна се дозна дека тоа ќе биде премиерот на Италија Матео Ренци. Основна тема беше почитувањето на прекинот на огнот кој стапи на сила на 27 февруари.
Шефовите на државите високо го оценија русо-американскиот договор и истакаа дека примирјето во целина се почитува и веќе ги дава првите резултати.
Во текот на разговорот сите европски лидери се согласија дека политичкиот процес во Сирија треба да почне што побрзо, меѓутоа се разидоа во погледите во однос на спроведувањето на парламентарните избори закажани за април. Така, Владимир Путин изрази увереност дека тие нема да му пречат на мировниот процес, а претседателот на Франција Франсоа Оланд ја нарече самата идеја за нивно одржување провокативна.
Во текот на разговорот европските лидери исто така го повикаа Владимир Путин да влијае на Дамаск, имајќи ја предвид ситуацијата во Алепо.
По разговорот лидерите на Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Русија се договорија за нови телефонски конференции за Сирија и изјавија дека се подготвени да работат заеднички за решавање на хуманитарните проблеми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче