Во Европската унија постојат сериозни несогласувања по прашањето за продолжување на економските санкции против Русија. Против таквата одлука се залагаат бројни членки на Унијата, се вели во статијата на американскиот „Вол Стрит Џурнал“.
Имајќи предвид дека во источниот дел на Украина насилството е редуцирано во одредена мера, а владата на Киев се соочува со сѐ посериозни внатрешни проблеми, бројни членки на Европската унија сметаат дека е потребно преиспитување на економските санкции, пишува весникот.
Претставници на земјите-членки на Европската унија ќе го разгледаат прашањето на антируските санкции во јули оваа година. Како што е нагласено, Брисел очигледно ќе ги продолжи индивидуалните санкции спрема физичките и правните лица од Русија и Украина, меѓутоа одлуката за широките економски санкции воведени спрема Москва најверојатно ќе „следат далеку посериозни спорови“, пишува порталот РТ на руски јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче