Лавров: Обединувањето на Европа без Русија и против неа завршува трагично

Во магазинот „Русија во глобалната политика“ е објавен текст на Сергеј Лавров, посветен на перспективите на надворешната политика на РФ во кој министерот за надворешни работи зборува за поврзаноста на различни историски процеси со улогата на Русија на меѓународната сцена денес и во иднина.

Меѓународните односи денес минуваат низ многу тежок период, а Русија, како што досега многупати се случувало, се најде на крстосницата на главните тенденции кои во голема мера го одредуваат векторот на идниот развој во светот.

Во текот, во најмала рака, на последните два века секој обид за обединување на Европа без Русија и против неа секогаш завршувал со големи трагедии, чии последици се надминувани дури со пресудната улога на нашата земја, нагласува Лавров во текстот „Историските перспективи на надворешната политика на Русија“. Приказните „за судирот на два тоталитаризма“, кои денес активно се втиснуваат во европската свест, вклучувајќи ги и школските учебници, се неосновани и неморални смета дипломатот.

За Советскиот Сојуз, со сите маани што постоеја во тој систем во нашата земја, не може да се каже дека имал за цел да уништи цели народи.

Во западната пропаганда денес е вообичаено Русија да се обвинува за „ревизионизам“, за наше наводно тежнеење да го уништиме постојниот меѓународен систем, небаре ние ја бомбардиравме Југославија 1999 година кршејќи ги повелбата на ОН и Хелсиншките завршни акти. Небаре Русија го игнорираше меѓународното право со инвазијата врз Ирак во 2003 година и ја извртуваше резолуцијата на СБ ООН, соборувајќи го по насилен пат режимот на Моамер Гадафи во Либија 2011 година, нагласува шефот на руската дипломатија.

Во согласност со таквиот пристап произлегува дека на меѓународно ниво се преселил принципот кој своевремено го формулираше Џорџ Орвел – „сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“. Расправите за „ревизионизам“ не држат вода и се базираат  во суштина врз едноставна до примитивност логика, која претпоставува дека главниот збор во светот го има само Вашингтон.

И  понатаму сметам дека најдобар начин за обезбедување на интересите на народите кои живеа на европскиот континент би било формирање на заеднички економски и хуманитарен простор, од Атлантикот до Тихиот океан, за да може неодамна формираната Евроазиска економска унија да биде интегративната алка меѓу Европа и  АТР, нагласува Лавров.

Денес во светот се случуваат сериозни промени, констатира шефот на МНР РФ. Русија не тежнее кон конфронтација ниту со САД, ниту со ЕУ или пак со НАТО-пактот, напротив, отворена е за најширока соработка со западните партнери, пишува Лавров, а  пренесува порталот „Вести“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња