Генерал Горенц: Русија зачекори во XXI век и стана закана

Русија продолжува да биде главна закана за САД, смета командантот на ВВС САД во Европа генерал Френк Горенц.

Командантот на Военото воздухопловство на САД во Европа Френк Горенц сѐ уште ја смета Русија за главна закана за регионот. Тој внимателно ги следи дејствијата на Русија и смета дека не треба да им се верува на нејзините зборови, вели тој во интервјуто за изданието „Дифенс Њуз“.

Секој гледа на светот од своја гледна точка. Мојата гледна точка е во базата на ВВС Рамштајн во Германија. Гледам на исток и гледам сосем силна Русија“, изјави Горенц во интервјуто за изданието. Според него, Русија „продолжува да дејствува надвор од рамките на меѓународниот мировен поредок“, таа „не признава ништо и одрекува сѐ“. Освен тоа, таа „ги демонстрираше своите можности во логистиката и нанесувањето удари на големо растојание“.

„Не верувам во тоа што тие го кажуваат. Повеќе ме интересираат нивните дејствија. И засега ништо добро не видов“, истакнува генералот. Тој исто така потенцира дека САД прават многу нешта за да ги поддржат своите сојузници во Европа, но тие сметаат дека сето тоа е недоволно. „Сега е неважно дали Русија претставува закана број еден или не. Сметам дека е така. И таа закана станува сѐ посериозна“, вели Горенц.  

Генералот исто така истакнува дека „руската агресија“ го прави „неизбежно“ идното распоредување во Европа на авионите F-35. „Русија зачекори во XXI век. Се вооружува со многу силно оружје“, изјавува Горенц, истакнувајќи ги руските системи за ПВО и подготвеноста на Русија да инвестира пари во одбраната. „Мислам Путин, веројатно, се обидува да ги сведе на нула нашите обиди за зајакнување на борбената способност и оперативноста на реагирање“, потенцираше американскиот генерал.  

Горенц смета дека распоредувањето на F-35 во Европа, планирано за 2021 година, ќе им даде на САД и НАТО предност во воздух. „Лично, едвај чекам. Би сакал нивното распоредување овде да биде со повисок приоритет“, вели Горенц. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња