„Засега во Кремљ немаме добиено никаква покана за Путин. Поканата можеби е упатена преку дипломатски канали, или воопшто не е упатена“, изјави Песков, пишува „Взгљад“.
„Тоа е одлука на суверена Бугарија. Ја прифаќаме апсолутно нормално и со должна почит. Секако дека би сакале нашите бугарски партнери навистина да бидат слободни од секаков јарем, да бидат суверени при донесувањето на своите одлуки и никако да не им наштетат на интересите на земјата“, додаде тој.
Во соопштението на порталот The Bulgarian Times стои дека властите на Бугарија го поканиле на прославата претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, но не и Владимир Путин. Како објаснување за таа одлука се наведува политичкото зближување со Турција, а како еден од аргументите – во Бугарија загинале повеќе турски војници отколку што загинале руски.
Од друга страна, бугарското МНР соопшти дека воопшто не поканило странски лидери, изјави портпаролот на МНР Бугарија Бетина Жотева, пренесува „Вести.ру“.
Денот на ослободувањето на Бугарија од османското ропство се празнува на 3 март како национален празник на Бугарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче