Русија преговара со 24 земји за укинување на визите, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Според податоците за октомври 2015 година, безвизен режим на влез во РФ беше воспоставен за граѓани на 106 странски држави, вклучително за 37 земји – со обичен пасош. Со 36 држави – станува збор за земјите од ЕУ, Данска, Норвешка, Исланд, Швајцарија, САД, Кина, Индија, Јапонија и Египет – се потпишани договори кои предвидуваат поедноставено издавање визи врз основа на директни покани“, изјави Захарова, пренесува ТАСС.
„Се водат преговори за потпишување договори за поедноставување на визните формалности со уште 40 држави, од кои со 24 земји – за укинување на визните барања“, информираше Захарова.
„Искуството од издавање електронски визи, кој се практикува од страна на мал број земји за организација на краткорочен влез на странски туристи, несомнено, заслужува внимание. Во моментов МНР учествува во деталната работа врз прашањето за можноста за примена на наведената процедура“, истакна дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче