Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира промотивен настан на кој ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за прв, втор и трет циклус студии кои се наменети за македонските граѓани, а ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.
Настанот ќе се одржи на 3 март 2016 година (четврток), со почеток во 11 часот, во просториите на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во амфитеатар 1.
Поканети се да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат желба да се запишат на еден од универзитетите во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.