Лавров и Кери разговараа за примирјето во Сирија

Дипломатите во текот на телефонскиот разговор ја потврдија решавачката важност на координацијата меѓу САД и Русија на воена основа за зацврстување на режимот за прекин на огнот во Сирија.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД ја дискутираа телефонски ситуацијата со примирјето во Сирија, соопшти руското МНР.

„Во центарот на вниманието се наоѓаше реализацијата на руско-американската иницијатива за прекин на борбените дејства во Сирија и соодветните одлуки на Советот за безбедност на ООН.  Шефовите на дипломатиите ја потврдија решавачката важност на координацијата меѓу нашите земји, пред сѐ на воен план, за зацврстување на режимот на примирје кој треба да го почитуваат и владините сили, и групите на вооружената опозиција кои не се поврзани со терористите.

Поддржани се напорите на ООН за обнова на преговорите во Женева меѓу сириската влада и патриотската опозиција во интерес на политичкото решение на конфликтот“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.

Примирјето во Сирија стапи на сила на 27 февруари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња