„Дојче Банк“ предвидува зајакнување на рубљата

Руската рубља е најпотценетата валута меѓу валутите на земјите во развој во Европа е заклучокот според моделот BEER (Behavioral Equilibrium Exchange Rate) на „Дојче Банк“.

Руската рубља е најпотценетата валута меѓу валутите на земјите во развој во Европа е заклучокот според моделот BEER (Behavioral Equilibrium Exchange Rate) на „Дојче Банк“. Според овој модел, курсот на рубљата во однос на доларот е потценет за 48%, пренесува „Сервисот за вести на Рамблер“.

Без оглед на тоа што Русија се бори со рецесија и меѓународна изолација, има знаци за силата на нејзината економија кои ја поддржуваат рубљата, смета „Дојче Банк“. Така, Русија е единствената голема земја во развој која ги зголеми девизните резерви од почетокот на годината до 19 февруари.

Просечната прогноза на економистите анкетирани од агенцијата „Блумберг“ предвидува зајакнување на рубљата до ниво на 72 рубли за 1 долар до крајот на годината.

„Доколку цените на нафтата бидат стабилни, кај рубљата гледам потенцијал за зајакнување“, ги цитира „Блумберг“ зборовите на експертот за пазарни стратегии на земјите во развој на „Дојче Банк“ Гаутамe Калани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња