Воздушно-космичките сили на Русија извршија напади врз позициите на терористите на „Фронтот ан-Нусра“ во Сирија, се наведува во извештајот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, објавен на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел стабилизација на ситуацијата, Воздушно-космичките сили на Русија изведоа ракетни удари врз одреди на милитантите на „Фронтот ан-Нусра“ во реоните северно од Алепо и врз позициите на терористите во реонот на населбата Нарб Нафс“, се наведува во соопштението.
Руското министерство наведува и дека во воздушната база „Хмејмим“ се доставени 50 тони хуманитарна помош.
Во последните 24 часа, со посредство на Русија, склучени се договори за примирје со раководствата на населбите Зејзун и Тел Гехаб во провинцијата Дамаск. На овој начин, бројот на договори за примирје се зголеми на 37.
Како што наведува Центарот за помирување, режимот на прекин на борбените дејствија во целина се почитува, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче