Рускиот портал „На линија“ истакнува дека минатата недела се случиле два настана во мигрантско-бегалската епопеја на ЕУ.
Првиот е рушењето на бодликавата жица на границата меѓу Македонија и Грција од страна на бегалците, кои не се заинтересирани ниту за едната, ниту за другата земја, и покрај тоа што Грција е членка на ЕУ.
Во меѓувреме француската полиција го сруши самоделниот логор „Џангл-хотел“ во Кале, при што дојде до масовни судири со полицијата, палежи, тепачки и сл. Она што е особено важно е што засега никој не знае каде ќе бидат сместени тие 6 илјади мигранти.
Земјите-„транзитери“ (Унгарија, Австрија и Бугарија) ги затворија своите граници.
Според она што може лесно да се забележи, европската бегалска криза по една година покажува црта што не е многу карактеристично за Европа – хаотичност.
Евробирократите веќе година дена не можат да изработат заедничка стратегија и да се договорат како да го решат проблемот со бегалците. Резултат на тоа се еден и пол милион бегалци во Унијата на која со нејзините 500 милиони жители ѝ создаваат проблеми и на полицијата и на граѓаните, нишајќи го политичкото нишало на државите во ЕУ одлево надесно, кон „евронацизам“, пишува „На линија“.
Додека Велика Британија не може да реши дали во следните 5 години ќе прими 20 илјади бегалци или е подобро да ја напушти Унијата – во Грција со 10 милиони жители за еден месец влегоа над 100 илјади луѓе.
Истовремено, не постои заедничко решение сите кои без виза се истоваруваат на бреговите на ЕУ да се вратат таму од каде дошле. Очигледна е кризата во управувањето со Европа, заклучува порталот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче