Медиуми: Руските воени експерти сакаат изработка на концепт на „мека сила“

Новиот концепт треба да биде одговор на „хибридните војни“ во кои се применуваат стратегии на обична војна, мала војна и кибервојна.

Руските воени теоретичари имаат намера да им се спротивстават на „хибридните војни“ со аналогни методи и се подготвени да разработат концепт на „мека сила“, пишува во вторникот весникот „Комерсант“ повикувајќи се на извештајот на началникот на Генералштабот на ВС РФ Валериј Герасимов.

Минатиот викенд се одржа собрание на Академијата на воени науки на кое се дискутирало за спротивставувањето на „обоените револуции“. Според информациите на весникот, со реферат на таа тема настапил генерал Герасимов и раскажал за карактеристиките на современите војни кои имаат хибриден карактер, истакнувајќи дека составен дел на војните се „обоените револуции“, кибернападите, како и подготвителните мерки во форма на „мека сила“.

„Бидејќи „обоените револуции“, кои Министерството за одбрана ги смета во суштина за државни преврати, претставуваат една од формите за водење хибридна војна, одговорот на нив со примена на конвенционални сили е невозможен: неопходно е да им се спротивставите единствено со исти такви хибридни методи“, ги цитира весникот зборовите на Герасимов.

Како пример за комплексно спротивставување на терористичките групи, кое вклучува дипломатски и други невоени методи на соработка со други држави, Герасимов ја навел операцијата на ВКС РФ во Сирија.  

Како што пишува весникот, воените експерти кои присуствувале на собранието, повикуваат сериозно да се пристапи кон разработката на концепт на „мека сила“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња